Основана како приватна агенција во 1999 г., City Travel стана една од водечките туристички агенции во Македонија. Во моментов, одговараме на барањата и потребите на повеќе од 300 компании.
City Travel е членка на IATA и има дозвола издадена од македонските власти за организирање на туристички активности, со која се потврдува дека сме агенција специјализирана за авионски сообраќај. Ова членство ни овозможува да нудиме конкурентни цени на авио билетите како и да им обезбедиме на нашите клиенти систем на поддршка ширум светот.

City Travel може да ги овозможи сите погодности што се очекува да ги дадат најголемите туристички агенции во Македонија, нудејќи ја притоа предноста на независни услуги. Имаме целосни информации за локалниот пазар како и детални познавања за патничката индустрија во целост.
Обезбедуваме комплетни патнички услуги шиурм светот, скроени според специфичните потребни на компаниите и приватните клиенти. Компанијата има потврдени докази за извонредната услуга и грижата за своите корисници не само при продажбата на услугите туку и потоа. City Travel остварува редовен однос со своите клиенти на неколку нивоа: при организирање на патувањето, на ниво на патник, администратор и корпоративно ниво, при тоа гарaнтирајќи дека сите активности се ивршуваат според потребите на секој клиент.

City Travel е компанија која е посветена на професионалноста. Работејќи како партнери, ќе се залагаме да добиете висококвалитетно патување чија вредност ќе биде реална и оправдана.

IATA Бр.: 76320274
Лиценца A Бр. 120

Регистриран заштитен знак од 1999г.
Сите права задржани

 

 
 
Од 24.12.2004 City Travel се здоби со сертификат ISO 9001:2000 со што стана првата туристичка агенција со овој сертификат во југоисточна Европа. Сертификатот е издаден од стана на Американската Агенција за Контрола на Квалитет AQA.
Czech Airlines го зголеми бројот на летови од Скопје за Прага. Сега оперираат пет пати неделно
Следејки ги новите светски трендови, City Travel , во Септември 2005, го промени својот визуелен идентитет и лого.
Одбележи ја оваа страна