(Податоците што ги прибираме и како ги користиме)
City Travel се залага да ја заштити вашата приватност, па политиката за приватност одредува кои податоци ги прибираме, на кој начин ги прибираме и што правиме со нив.

Вашите податоци

Ова се однесува на податоците како што се Вашето име, информациите за контакт, специјални желби околу патувањето, потреби, ограничувања и барања за храна кои ни ги доставувате Вие или ги добиваме на друг начин, вклучувајќи ги податоците за останатите лица кои се на истата резервација со вас (,,Ваши податоци”). Вашите податоци се прибираат кога барате од нас некоја информација, кога нé контактирате (или обратно) или кога правите резервација кај нас. Вие сте одговорни да ги запознаете другите лица кои ве придружуваат со содржината на нашата политика за приватност и да видите дали тие се согласуваат Вие да одлучувате во нивно име во текот на соработката со нас.

Вашите податоци ќе ги ажурираме секогаш кога ќе имаме можност, со цел тие да бидат тековни, точни и комплетни.

Како ние ги користиме Вашите податоци

(1) Вашите податоци може да им ги откриеме на нашите провајдери на услуги (кои може да се наоѓаат и надвор од Македонија) со цел да ги обезбедиме сите услуги, вклучувајќи го и летот. При тоа, ќе им бидат откриени само податоците неопходни за дадената цел. (2) Може да има задолжително барање (наметнато на авиокомпаниите од страна на владите на земјите во кои/од кои се патува) за откривање на вашите податоци поради безбедносни и антитерористички цели, или некои други цели кои тие ги одредуваат како соодветни. Исто така, податоците може да им ги откриеме на компаниите кои во наше име работат на обработување на податоците. Меѓу овие цели спаѓаат администрацијата, давањето услуги (и стапување во контакт со вас кога тоа е неопходно) грижата за корисници, подобрување на нашите услуги, деловното работење и раководење, реорганизација/реструктуирање на нашиот бизнис (или на компаниите од нашата група), оценување на ризикот, безбедноста и откривањето и спречувањето на криминал, вршењето истражувања и анализи, маркетинг, следење и оценување на желбите на корисниците, решавањето на спорови, проверката на кредити и наплатата на долгови.

Ако не се согласувате со начинот на кој ги кориситиме Вашите податоци, ние не би можеле да соработуваме ниту да ги прифатиме Вашите резервации.

ГРУПНИ (ГЕНЕРАЛНИ) ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ

Ги прибираме податоците кои се однесуваат на трендовите и желбите на корисниците. Овие податоци често се користат во генерална форма. Ние, вклучувајќи ги и компаниите од нашата група, може да ја откриеме групната статистика за направените барања, посетители, клиенти и продажба за да ги опишеме нашите услуги на можните партнери, купувачи, рекламни агенции или некоја друга реномирана трета стана за други правни цели. Ниеден податок за лична идентификација нема да биде откриен.

ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Преземени се сите потребни чекори за да обезбедиме соодветни безбедносни мерки за заштита на вашите податоци.

ПРОМЕНИ НА ПОЛИТИКАТА

Сите промени во оваа политика ќе бидат поставени на нашата веб страница, ќе Ви бидат доставени на Ваше барање или ќе Ви бидат дадени при следното резервирање. Ќе се трудиме да гарантираме дека нашето работење е во согласност со најновата верзија на оваа политика.

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА АВИОНСКИ БИЛЕТИ

Цените на авиобилетите не се загарантирани сé додека билетите не се потврдат и купат. Сите цени се подложни на одобрување и промена пред издавањето на авио билетот. Класите за резервации за кои се дадени цените се индикативни и City Travel не може да ги гарантира истите. Купувањето на авио билет не Ви гарантира седиште во авионот. Политиката на пребукирање често ја спречува авио компанијата да му обезбеди на патникот (кој има потврден билет) седиште за резервираниот лет. Ве молиме, обретете се кај авио компаните за целосните детаљи околу нивната политика за пребукирање и компензација. Плаќањето во готово мора да биде во македонски денари. Работиме со сите попознати кредитни картички. За купениот авио билет може да следи ограничено рефундирање. Авио билетите имаат вредност и со нив треба да постапувате како со пари. Никогаш не уништувајте ги билетите кои не ви ги побарале или не сте ги употребиле. Ова може да ја намали евентуалната можност за враќање на средствата. Сите неупотребени авио билети треба да ги вратите во City Travel. Носењето на соодветни патни исправи, вклучувајќи валиден пасош и важечка виза за оние дестинации за кои тоа е потребно, се одговорност на патникот. City Travel целосно ја отфрла одговорноста за какви и да се трошоци настанати во случај на патникот или лицето со кое тој патува да не му биде дозволено качување во авионот, или да му биде забранет влез во земјата поради тоа што патникот или лицето со кое тој патува не ја поседувале потребната документација.

Најискрено се препорачува да имате патничко осигурување. City Travelможе да обезбеди осигурителни полиси за повеќето дестинации и за поголемиот број ризици.

IATA accredited agent
 

 
 
Почнувајќи од 29, Октомври 2012, директни летови од Скопје до Дубаи. Fly Dubai ќе оперираат два пати неделно од Скопје за Дубаи.
Wizz Air воведува нови дестинации од Скопје. За повеќе информации, Ве молиме да ја контактирате нашата агенција.
Од 24.12.2004 City Travel се здоби со сертификат ISO 9001:2000 со што стана првата туристичка агенција со овој сертификат во југоисточна Европа. Сертификатот е издаден од стана на Американската Агенција за Контрола на Квалитет AQA.
Одбележи ја оваа страна